На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.
Дискусијата ја отвори Н.Е. г. Кристоф Сомер, амбасадор на Швајцарија, кој ја нагласи поодршката на Швајцарија за културниот сектор преку иницијативи за застапување за фер и транспарентно финансирање, како и за создавање нови простори за уметничка работа. Учесниците дискутираа за нови модели на финансирање, предизвиците во обезбедувањето и одржувањето креативни простори, како и за значењето на солидарноста, мрежното поврзување и партнерствата меѓу јавниот и граѓанскиот сектор за одржлива културна иднина.
Овој настан се одржа со цел да го контекстуализира новиот отворен повик за грантови за застапување, кој денес е официјално објавен, обезбедувајќи им на независните културни организации можност да ги зајакнат своите застапувачки активности и да придонесат во обликувањето на долгорочни и одржливи културни политики.


