ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

Со финансирање на проекти кои се фокусираат на обезбедување пристап до функционални и долгорочни простори, застапување за посилна јавна поддршка и предвидливо финансирање, како и промовирање на споделување ресурси и секторска соработка, оваа грантова шема има за цел да им овозможи на независните културни организации и понатаму да ја играат клучна улога во поттикнувањето на културната разновидност, демократските вредности и општествената кохезија.

Информации за проектот „Култура за развој“

Проектот „Култура за развој“ е сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Оваа активност е поддржана преку проектот„Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. Проектот има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување поотворено, демократско и меѓусебно поврзано општество. 

Кој МОЖЕ да аплицира?

Грантовата шема за застапување е отворена за конзорциуми од најмалку две организации.

  • Секој конзорциум треба да биде предводен од културна или уметничка организација која:
    – Континуирано е активна во културната сфера најмалку три (3) години;
    – Покажува цврст организациски капацитет. 
  • Партнери во конзорциумот кои можат да бидат вклучени:
    – Граѓански организации;
    – Истражувачки институти и „think tanks“;
    – Други правни лица активни во уметноста и културата (независни фондации, донации, друштва со ограничена одговорност и/или претприемачи).
  • Најмалку еден партнер во конзорциумот треба да има докажано искуство во застапување, со цел проектот да има силна експертиза во влијание врз политики и мобилизирање на засегнатите страни.

Апликантот треба да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Тематски приоритети

Овој повик поддржува проекти кои спроведуваат суштинско застапување, ја подигнуваат свеста за клучни прашања и активно соработуваат со носителите на одлуки, јавните културни институции и други засегнати страни.

Проектите треба да поттикнуваат соработка меѓу членовите на конзорциумот кои имаат различни искуства, географска застапеност и целни групи, со што ќе се зајакне легитимноста и влијанието на застапничките иницијативи.

Секој конзорциум може да комбинира активности за промоција на независната културна сцена во Северна Македонија. Апликациите треба да содржат краток План за застапување во кој ќе бидат наведени клучните чекори и методи, како и да имаат испланирано најмалку еден јавен застапувачки настан преку кој ќе ги споделат наодите и резултатите со засегнатите страни и пошироката заедница.

Износ на грантот

Вкупниот износ на грантот по организација е до 3,992,000 МКД, кој ќе биде распределен во текот на две години и седум месеци.

Како се аплицира?

Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и сите неопходни обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб страница: Cultural Advocacy Projects Grants – Heartefact.

Документите за аплицирање се достапни само на англиски јазик!

Рок за аплицирање

Сите задолжителни документи за аплицирање треба да бидат поднесени на [email protected] најдоцна до 17 ноември 2025 година до 23:59 часот.

Доколку имате прашања, можете да не контактирате на: [email protected].

Има повеќе

Знаење што останува: Како Програмата за размена на знаење преку пработа (Job shadowing) им помага на културните организации во Северна Македонија да растат

Наместо стандарден модел на обука, програмата им овозможува на културните организации да ги развиваат токму оние капацитети што самите ги препознаваат како клучни за својот понатамошен развој. Првите успешно реализирани грантови покажуваат колку различни, но истовремено практични, можат да бидат овие процеси на учење.

No Apologies! во Скопје: собир на квир заедницата околу перформанс, видливост и алтернативните архиви

Овој јуни, Хартефакт ја носи претставата „Без извинувања!“ во Скопје, претставувајќи го меѓународно признатиот перформанс на Ема Франкланд како дел од балканската турнеја.

Регионалниот CAE BEYOND сателит настан ги обедини Европа и Западен Балкан во Скопје

По Форумот „Култура за развој“, кој се одржа на 13 и 14 мај, дијалогот за иднината на независната култура, продолжи во Скопје со BEYOND: Југоисточна регионална конференција.

Собир на Европски и регионални културни чинители во Скопје

Изминативе два дена, 13 и 14 мај, преку Форумот „Култура за развој“, организиран од Хартефакт во соработка со Clubture, Kooperativa, Фондација за култура А25 и Euradia, Скопје стана средиште на уметници, културни работници, активисти и меѓународни културни мрежи од Северна Македонија, регионот и Европа.

Три проекти за културно застапување избрани за поддршка преку Шемата за грантови за застапување

Поддржаните иницијативи се фокусираат на подобрување на условите за независна културна работа преку адресирање на прашања како пристапот до културна инфраструктура, финансиските рамки и инклузивните културни простори.

Почеток на програмата Queer Art Academy во Белград

Првиот дел од програмата Queer Art Academy се одржа од 14 до 19 април 2026 година во Белград, во Хартефакт Куќа, означувајќи почеток на подолг процес кој оди далеку над една резиденцијална недела.

Дијалог и размена: Градење заедничка основа за посилен глас на независната културна сцена

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.