Шемата за грантови за застапување поддржува иницијативи кои ја зајакнуваат улогата на граѓанското општество и културните актери во креирањето културни политики и подобрувањето на условите за независна културна работа во Северна Македонија. Програмата поддржува процеси на застапување, истражување, соработка и развој на одржливи пристапи кои се однесуваат на клучни предизвици за независниот културен сектор, вклучително и пристапот до соодветни простори за културна работа и постабилни и поодржливи услови за финансирање.
Отворениот повик привлече голем интерес од конзорциуми на организации кои работат на унапредување на системски промени во културниот сектор. Три партнерства беа избрани за поддршка, со вкупно доделени 9.674.153 МКД. Спроведувани во периоди до 27 месеци, избраните проекти (ќе) се фокусираат на истражување, развој на политики, активности за застапување, споделување знаење, зајакнување на капацитетите за застапување и градење посилни врски помеѓу независните културни актери, институциите и заедниците.
Поддржаните иницијативи се фокусираат на подобрување на условите за независна културна работа преку адресирање на прашања како пристапот до културна инфраструктура, финансиските рамки и инклузивните културни простори. Преку истражувања, консултации, фокус групи, јавен дијалог, медиумски содржини и други активности за застапување, проектите ќе произведат препораки засновани на докази и ќе развијат практични модели кои можат да се применат во различни контексти. Нивната цел е да поддржат поефикасни културни политики и да придонесат кон поотворен, отпорен и партиципативен културен екосистем.
Конзорциумите избрани за поддршка во рамките на Шемата за грантови за застапување се:
- ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена (во партнерство со Институт за медиуми и аналитика – ИМА): 3.612.553 МКД, период на имплементација: 16/03/2026 – 30/06/2028
- Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо Скопје (во партнерство со Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје): 3.357.600 МКД, период на имплементација: 01/05/2026 – 30/04/2028
- Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа, Скопје – Види Вака (во партнерство со Сигурна куќа, подружница на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Северна Македонија – МХК): 2.704.000 МКД, период на имплементација: 01/06/2026 – 31/01/2028
Проектот „Култура за развој“ има за цел да придонесе кон развојот на уметноста и обликувањето на социо-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување на поотворено, демократско и поврзано општество.
Оваа активност е поддржана преку проектот„Култура за развој“на Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд