Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.
Информации за проектот „Култура за развој“:
Проектот „Култура за развој“ е сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Тој е инициран и поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), се спроведува од страна на Хартефак Фонд, а ќе се имплементира од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. Проектот има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување поотворено, демократско и меѓусебно поврзано општество.
Кој МОЖЕ да аплицира?
● Културни и уметнички организации;
● Уметнички колективи и иницијативи;
● Граѓански организации коишто вршат културни и уметнички активности, дури и ако тоа не е нивна примарна област на активност;
● Други правни лица активни во уметноста и културата (независни фондации, донации, друштва со ограничена одговорност и/или претприемачи).
Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
Тематски приоритети
Овој Повик е наменет за проекти коишто се фокусираат на различни области на современото културно и уметничко творештво: изведувачки уметности, визуелни уметности, литература, музика, аудиовизуелни уметности, стрипови, фотографија, дизајн, културна политика и управување. Подобни активности за финансирање можат да вклучуваат: изложби, инсталации, изведби, работилници, предавања и/или слични едукативни програми, јавни дебати и дискусии, аудиовизуелна продукција, уметнички и културни истражувања, фестивали итн.
Сите активности мора да се одвиваат само во Република Северна Македонија.
Износ на грантот
Максималното расположливо финансирање за спроведување на проектот е 13.000 CHF, за времетраење на проектот од максимум 12 месеци.
Како се аплицира?
Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и сите неопходни обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб страница:
MK – Грантови за спроведување културни и уметнички проекти – Heartefact
AL – Grante për zbatimin e projekteve kulturore dhe artistike – Heartefact
Рок за аплицирање
Сите задолжителни документи за аплицирање треба да бидат поднесени најдоцна до 6 јуни 2025 година до 17:00 часот.
Доколку имате прашања, можете да не контактирате на: [email protected].
Информативни денови
| Град | Место | Датум и време |
| Скопје | Јадро | 19.05.25 14:00 – 16:00 |
| Гевгелија | Пионерски Дом | 20.05.25 11:30 – 13:30 |
| Велес | Europe House | 22.05.25 10:30 – 12:30 |
| Куманово | Сала на Занаетчиски дом | 23.05.25 10:30 -12:30 |
| Струга | Europe House | 26.05.25 11:30 – 13:30 |
| Тетово | Europe House | 27.05.25 10:30 -12:30 |
| Битола | Europe House | 28.05.25 11:30 – 13:30 |
| Штип | Ресурсен центар | 30.05.25 11:00 – 13:00 |