Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.
Информации за проектот „Култура за развој“
Проектот „Култура за развој“ е сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Поддржан e од Владата на Швајцарија и се спроведува од Хартефак Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. Проектот има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување поотворено, демократско и меѓусебно поврзано општество.
Кој МОЖЕ да аплицира?
• Културни и уметнички организации регистрирани во Република Северна Македонија со докажано искуство во културната и уметничката дејност во период од три години.
Апликантот треба да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија и мора да имаат најмалку тригодишно претходно оперативно работење и искуство во реализација на културни и уметнички проекти.
Тематски приоритети
Повикот има цел да обезбеди стабилност и одржливост на културните организации, овозможувајќи им ефективно да се справуваат со критични општествено-политички и културни прашања. Повикот има цел да поддржи активности кои вклучуваат, но не се ограничени на:
• Подобрување на организациското и финансиското управување (организациски развој, развој или ревизија на стратешки политики и процедури);
• Подобрување на организациската стратегија и програмата (програмски раст, нови иницијативи/теми);
• Иновативни пристапи во развој на публика и проширување на досегот;
• Застапување и иницијативи поврзани со унапредување на културните политики и финансирање;
• Активности за градење капацитети и иницијативи кои придонесуваат за зајакнување на програмската работа; и
• Други активности кои директно им помагаат на организациите да ја спроведуваат својата основна работа и да влијаат врз националните општествено-политички наративи.
Износ на грантот
Вкупниот износ на грантот по организација е до 3,820,000 MKD, кој ќе биде распределен во текот на две години и седум месеци.
Како се аплицира?
Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и сите неопходни обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб страница: Грантови за институционална поддршка – Heartefact.
Документите за аплицирање се достапни само на англиски јазик!
Рок за аплицирање
Сите задолжителни документи за аплицирање треба да бидат поднесени најдоцна до 17 октомври 2025 година до 17:00 часот: [email protected].
Доколку имате прашања, можете да не контактирате на: [email protected]