Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог. Од 14ти до 16ти Мај 2026 година, Хартефакт Фонд. Северна Македонија ќе биде домаќин на Форумот Култура за развој, настан посветен на визионерите кои го одржуваат жив независниот дух на Западен Балкан и Европа.

Овој Форум е нашиот колективен одговор на предизвиците со кои се соочуваат независните уметници и културни организации. Тој претставува простор каде, преку заедничка одговорност и прекугранична соработка, повторно ќе ја потврдиме вредноста на културата. Во Хартефакт Фонд. веруваме дека оваа независна практика е многу повеќе од само „уметност“, таа е јавно добро и главна движечка сила на едно отпорно и инклузивно општество.

Дел од Форумот „Култура за развој“ е и BEYOND – Сателитот за Југоисточна Европа при мрежата CAE (Culture Action Europe). Овој дел од настанот замислен како простор за отворен дијалог, критичко размислување и суштински промени, кој ги обединува независните културни работници, мрежите и креаторите на културни политики од Западен Балкан и Европа. Организиран од Хартефакт Фонд. во тесно партнерство со Clubture (Хрватска), Platforma Kooperativa (Регионална мрежа), A25 (Бугарија) и Euradia Italia (Италија), целта на овој настан е да обезбеди силен и обединет настап на нашиот регион, претворајќи ги нашите заеднички идеи во вистинска стратешка сила

Во текот на овие три дена во Скопје, нема само да теоретизираме за културните политики. Нашата цел е да ги утврдиме заедничките приоритети и да изградиме обединет став кој ќе донесе вистински системски промени и ќе го подобри статусот на уметниците на европско ниво. Ќе отвориме суштински прашања за состојбата на уметноста низ цела Европа, без разлика дали е внатре или надвор од ЕУ, почнувајќи од стабилно финансирање и фер работни услови, преку мобилноста на уметниците, па сè до долгорочниот опстанок и отпорност на независниот културен сектор.

Ве покануваме да бидете дел од овој процес каде соработката не познава граници, а независната култура ќе го најде своето заслужено место во центарот на европскиот екосистем.

Аплицирајте на линкот тука и бидете со нас од 14 до 16 мај во Скопје.

Има повеќе

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.