Овој јуни, Хартефакт ја носи претставата „Без извинувања!“ во Скопје, претставувајќи го меѓународно признатиот перформанс на Ема Франкланд како дел од балканската турнеја. Перформансот ќе се одржи на 6 јуни во Драмски театар Скопје, во соработка со Skopje Pride Weekend и Коалиција Маргини.
Создаден и изведен од Ема Франкланд, Без извинувања! обединува театар, жива музика и автобиографски перформанс во дело втемелено во квир сеќавањето и одживеаното транс искуство. Инспириран од легендарниот MTV Unplugged концерт на Нирвана, перформансот започнува од спекулативното прашање: што ако Курт Кобејн бил транс жена? Од оваа почетна точка, тој го преосмислува културното сеќавање низ прашањата за идентитет, видливост и припадност, осврнувајќи се на отсуството на референци, архиви и фигури преку кои квир и транс луѓето би можеле да се препознаат себеси.
Делото се движи помеѓу концерт, раскажување и перформанс, создавајќи променлив простор, во кој сеќавањето е нестабилно, а идентитетот постојано се преобликува. Наместо да понуди фиксни толкувања, Без извинувања! отвора поле за промислување за тоа како се создаваат културните наративи и како тие можат да бидат преобликувани преку одживеаното искуство и имагинацијата.
Покрај перформансот, програмата во Скопје вклучува и настан со заедницата посветен на квир и транс публика и сојузници, развиен во соработка со Бучкуруж, а поддржан од Коалиција МАРГИНИ и ХЕРА Млади. Собирот комбинира разговор и партиципативни вежби, обединувајќи уметници, изведувачи, дрег артисти и организатори од заедницата кои работат низ квир и експериментални практики. Тој отвора простор за размена околу видливоста и репрезентацијата во локалната културна продукција, перформансот како форма на опстанок и изразување, како и создавањето алтернативни квир архиви и референци таму каде што тие недостасувале.
Влезот за претставата и учеството на заедничкиот настан се бесплатни, со задолжителна регистрација за учество.
- За регистрација за претставата No Apoliges: ве молиме испратете порака на [email protected] со наслов: No Apologies – Registration. По пристигнувањето во театар, обратете се на билетарницата и подигнете ги билетите резервирани на ваше име. Рокот за регистрација за претставата е 5 јуни до 20:00 часот.
- За настанот на заедницата ве молиме регистрирајте се тука.
Рокот за регистрација е 4 јуни до 20:00 часот.
Гостински перформанс на Хартефакт на Ема Франкланд, продуциран од Marlborough Productions, со поддршка од British Council, во соработка со партнерите Skopje Pride Weekend, Коалиција Маргини, Бучкуруж, Трансформа и ХЕРА Млади.
No Apologies! е во режија на Harry Clayton Wright, со оригинална музика на Keir Cooper, а е продуциран од Marlborough Productions.
No Apologies! е нарачан од Marlborough Productions и поддржан од Attenborough Centre for the Creative Arts, The Old Electric, Northumbria University и Arts Council England. Балканската турнеја на No Apologies! е поддржана од програмата Art in Action на British Council, која има за цел да гради врски помеѓу Западен Балкан и Обединетото Кралство преку креативна и културна соработка.


Фото: The Schmidt Photography

Фото: Giulia Ferrando (Performing Arts Photography)


Фото: The Schmidt Photography
Фото: Matt Crockett