Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.
Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите на независните културни организации, особено оние со ограничен организациски капацитет, но со силен програмски потенцијал. Поддршката е насочена кон подобрување на управувањето, раководењето, финансиските системи, комуникацијата и институционалната отпорност, овозможувајќи им да планираат, управуваат и реализираат одржливи културни програми.
За проектот „Култура за развој“
Проектот „Култура за развој“ е првата сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и ќе се спроведува од страна на Хартефакт Фонд во периодот од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.
Проектот има за цел да придонесе кон растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување на поотворено, демократско и поврзано општество.
Кој може да аплицира?
Граѓански организации од областа на културата и уметноста регистрирани во Република Северна Македонија со докажано искуство во културните и уметничките дејности во период од три години.
Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија и мора да има претходно тригодишно оперативно работење и искуство во реализација на културни и уметнички проекти.
Области на поддршка
Повикот има за цел да ја подобри стабилноста и долгорочната одржливост на независните културни организации, овозможувајќи им да ги зајакнат своите капацитети и да испорачаат висококвалитетни културни програми кои адресираат клучни општествени, политички и културни предизвици.
Повикот поддржува активности кои вклучуваат, но не се ограничени на:
- Развивање организациски стратегии и акциски планови, појаснување на улогите на раководството, подобрување на процесите на одлучување и дефинирање на тимските улоги.
- Зајакнување на интерната комуникација, управувачките практики и интерните политики за подобрување на севкупната организациска ефикасност.
- Подобрување на финансиското управување и административните системи, вклучувајќи алатки за буџетирање, стратегии за прибирање средства, диверзификација на приходите, правна усогласеност, системи за известување и документација.
- Подобрување на комуникацијата, ангажирањето на публиката и организациското учење преку комуникациски стратегии, дигитално присуство, системи за следење и евалуација, управување со знаење и алатки за учење.
- Иницијативи за градење капацитети и олеснети развојни процеси насочени кон зајакнување на лидерството, управувањето и развојот на тимот.
Износ на грантот
Вкупниот износ на грантот по организација е до 1.950.000 МКД, кои ќе бидат исплатени во текот на две години.
Како да аплицирате?
Апликантите треба да поднесат:
- краток Предлог-концепт (Concept Note) во кој ќе ги наведат своите организациски предизвици, предложените активности за зајакнување на капацитетите, очекуваните резултати
- прелиминарен буџет со проценети трошоци поврзани со предложената поддршка.
Само организациите кои ќе поднесат Предлог-концепт и буџет до 09 март 2026 година во 23:59 часот ќе бидат земени предвид за следната фаза од процесот на селекција.
Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и потребните обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб-страница:
MK – Boost Grants Scheme – Heartefact
AL – Boost Grants Scheme – Heartefact
EN – Boost Grants Scheme – Heartefact
Документите за аплицирање се достапни само на англиски јазик!
Краен рок за аплицирање: 09 март 2026
Концепт белешката мора да се поднесе преку е-пошта на: [email protected]
За прашања, контактирајте нè на: [email protected]