ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

18–19 декември 2025
Хотел Глориус, Велес

Heartefact Fund ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund. Проектот има за цел да придонесе кон развојот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како клучна алатка за поттикнување поотворено, подемократско и меѓусебно поврзано општество.

За работилницата

Работилницата нуди алатки за истражување, мапирање, ангажирање и ко-креирање на публика. Преку интерактивни сесии и практични вежби, учесниците ќе ги применуваат методите директно на своите тековни проекти и организациски предизвици. Работниот јазик е англиски, напредно ниво на користење е препорачано.

За фасилитаторката

Работилницата ќе биде водена од Луизела Карнели, искусна истражувачка во Fondazione Fitzcarraldo, водечка италијанска институција специјализирана за културен менаџмент, политики и развој на публика. Таа има обемна експертиза во ангажирање на публика, учество и евалуација на културни проекти.

Што ќе стекнете

  • Алатки/методи за идентификација и разбирање на целната публика
  • Нискобуџетни и ефикасни пристапи за допирање до нова и разновидна публика
  • Пристапи за ко-креирање програми со заедниците
  • Алатки за дизајнирање инклузивни пристапи чувствителни на различни социјални и географски контексти

За повикот

Овој повик е отворен за 20–25 културни професионалци, индивидуално или како претставници на културни организации, културни/социјални центри, фестивали, уметнички здруженија и независни иницијативи. Учесниците треба да бидат вклучени во проектно/програмско управување, комуникации или ангажман со заедницата, и се охрабруваат да донесат примери од нивната тековна работа за да се збогати практичниот, процес на учење.

Логистика:

Сите трошоци за работилницата (превоз, сместување, храна и партиципација) ги покрива Хартефакт фонд. Учеството е по принцип „прв дојден – прв услужен“.
За да се пријавите, пополнете ја апликацијата до 11 декември 2025: Линк

Има повеќе

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.