Претставата „Нив веќе ги нема“, според текстот на Дорунтина Башa, во режија на Андреј Носов во Албанскиот театар во Скопје – во сабота, на 17 октомври, на фестивалот Скупи, а потоа ќе биде изведена и во недела, на 18 октомври 2026 година.
Преку интимната приказна на Садика за загубата, сеќавањето и животот по траумата, претставата на уметнички начин ги преиспитува судбините и последиците од војните на територијата на поранешна Југославија. Во фокусот се животите што згаснале, семејствата што биле разделени и иднините што никогаш не се оствариле. Преку сеќавањата и предметите, главната протагонистка Садика се обидува да го зачува она што го изгубила, додека претставата го отвора прашањето што значи да се преживее и како изгледа животот во кој стравот од заборавот е постојано присутен.
Во претставата играат Мирјана Карановиќ, Светозар Цветковиќ и Албан Укај, заедно со Маја Салкиќ, Давор Сабу, Кемал Ризвановиќ, Матеа Маврак, Хана Зрно, Санин Милавиќ, Фарук Хајдаревиќ, Ален Коњиција, Наталија Дмитријева и Дино Хамидовиќ.
Претставата е создадена во рамки на меѓународната соработка меѓу Хартефакт, Сараевскиот воен театар САРТР и My Balkans, во соработка со La MaMa Experimental Theatre Club од Њујорк, Ibsen Scope од Норвешка и Allianz Foundation од Германија. По изведбите во Србија, Босна и Херцеговина, Норвешка и САД, гостувањето во Скопје го продолжува нејзиниот меѓународен живот.
Претставата започнува во 20 часот.
Влезниците се достапни на билетарницата на театарот, а резервации се можни на телефонските броеви 078 422 035 и 071 618 958.