Знаење што останува: Како Програмата за размена на знаење преку пработа (Job shadowing) им помага на културните организации во Северна Македонија да растат

Некои од највредните лекции во културата не се учат на работилници. Тие се стекнуваат преку набљудување на работата на друг тим, поставување прашања во реално време и враќање дома со идеи што веднаш можат да се применат во пракса.

Токму на тоа се темели грантовата линија за Размена на знаење преку пработа (Job Shadowing) во рамки на проектот „Култура за развој“, имплементиран од Хартефакт Фонд. Наместо стандарден модел на обука, програмата им овозможува на културните организации да ги развиваат токму оние капацитети што самите ги препознаваат како клучни за својот понатамошен развој. Првите успешно реализирани грантови покажуваат колку различни, но истовремено практични, можат да бидат овие процеси на учење.

За Галеријата ГРАЛ од Скопје, долгогодишен простор посветен на промоција на современата македонска уметност, приоритет беше подобрување на внатрешното организациско работење. Со грант во износ од 178.494 МКД, тимот работеше заедно со ИТ експерт и креатор на дигитални содржини за да го трансформира архивот, кој дотогаш се водеше рачно, во современ дигитален систем. Уште поважно, тимот се обучи самостојно да управува со новото решение. Денес, ГРАЛ располага со автоматизиран систем за евиденција на уметничките дела, интегрирана е-продавница, значително намалени административни грешки, поголема онлајн видливост и знаење самостојно да ја одржува својата дигитална инфраструктура.

За Ветра Арт, исто така од Скопје, фокусот беше ставен на градење на капацитетите на луѓето. Организацијата, која е посветена на професионалната уметничка едукација и развојот на независната културна сцена, го искористи својот грант од 178.500 МКД за реализација на интензивна обука во Театар Комедија – Скопје, каде што членовите на тимот ја изучуваа актерската техника Михаил Чехов под менторство на експертката Сузана Николиќ. Но, процесот на размена не заврши со самата обука. Стекнатото искуство беше преточено во структурирана наставна програма, интерен прирачник за имплементација, сертифицирани обучувачи и ново партнерство со Michael Chekhov Europe, поставувајќи темели Ветра Арт да се развие во регионален центар за театарска педагогија.

Иако овие организации имаа многу различни цели, нив ги поврзува една важна заедничка вредност и двете го користеа Програмата за размена на знаење преку пработа за да изградат знаење што останува во организацијата долго по завршувањето на грантот.

Овие два проекта јасно ја илустрираат суштината на грантовата линија Размена на знаење преку пработа, да поддржи учење што одговара на конкретни потреби и станува дел од секојдневното работење на организацијата. Без разлика дали станува збор за подобрување на внатрешните системи, развој на нови образовни програми или јакнење на организациските практики, процесот на размена го обликуваат самите учесници и се темели на реално практично искуство. За Хартефакт Фонд, овој пристап претставува начин да се поддржи не само развојот на поединечните организации, туку и создавањето долгорочни партнерства, знаење и соработка кои придонесуваат за развојот на културниот сектор.

Оваа активност е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Има повеќе

Градењето силни организации значи градење посилен културен сектор

Една од најголемите придобивки што ја истакнуваат организациите е можноста конечно да се посветат на сопствениот развој, а не само на подготовката на следниот проект. Неколку организации посочија и една придобивка која е потешко мерлива, но подеднакво значајна: времето.

Знаење што останува: Како Програмата за размена на знаење преку пработа (Job shadowing) им помага на културните организации во Северна Македонија да растат

Наместо стандарден модел на обука, програмата им овозможува на културните организации да ги развиваат токму оние капацитети што самите ги препознаваат како клучни за својот понатамошен развој. Првите успешно реализирани грантови покажуваат колку различни, но истовремено практични, можат да бидат овие процеси на учење.

No Apologies! во Скопје: собир на квир заедницата околу перформанс, видливост и алтернативните архиви

Овој јуни, Хартефакт ја носи претставата „Без извинувања!“ во Скопје, претставувајќи го меѓународно признатиот перформанс на Ема Франкланд како дел од балканската турнеја.

Регионалниот CAE BEYOND сателит настан ги обедини Европа и Западен Балкан во Скопје

По Форумот „Култура за развој“, кој се одржа на 13 и 14 мај, дијалогот за иднината на независната култура, продолжи во Скопје со BEYOND: Југоисточна регионална конференција.

Собир на Европски и регионални културни чинители во Скопје

Изминативе два дена, 13 и 14 мај, преку Форумот „Култура за развој“, организиран од Хартефакт во соработка со Clubture, Kooperativa, Фондација за култура А25 и Euradia, Скопје стана средиште на уметници, културни работници, активисти и меѓународни културни мрежи од Северна Македонија, регионот и Европа.

Три проекти за културно застапување избрани за поддршка преку Шемата за грантови за застапување

Поддржаните иницијативи се фокусираат на подобрување на условите за независна културна работа преку адресирање на прашања како пристапот до културна инфраструктура, финансиските рамки и инклузивните културни простори.

Почеток на програмата Queer Art Academy во Белград

Првиот дел од програмата Queer Art Academy се одржа од 14 до 19 април 2026 година во Белград, во Хартефакт Куќа, означувајќи почеток на подолг процес кој оди далеку над една резиденцијална недела.

Дијалог и размена: Градење заедничка основа за посилен глас на независната културна сцена

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.