Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Рок за пријава: 21 ноември 2025
Почеток: Декември 2025
Траење: 3–6 месеци (платена пракса)

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

За Хартефакт
Хартефакт е регионална, интердисциплинарна организација со канцеларии во Белград, Приштина и Скопје. Ние ги обедину­ваме уметноста, културата, човечките права и регионалната соработка преку иновативни и критички пристапи — од театар и истражувачки програми, до иницијативи за размена и грантови програми за помали организации. Нашиот труд се темели на вредностите на слободата, еднаквоста, емпатијата и имагинацијата. Веруваме во дијалог, храброст и креативност како алатки за создавање поотворено и инклузивно општество.

За Институтот
Хартефакт Институт е програмски столб во кој знаењето се собира, испитува и споделува. Поддржуваме истражување, учење и соработка низ целиот регион, со фокус на човековите права, историското наследство и современите социјални прашања. Работиме со поединци и организации кои се желни да размислуваат критички, да дејствуваат одговорно и да креираат корисни решенија за сложени социјални предизвици. Во нашиот Институт ги цениме интелектуалната самосвест, љубопитноста и храброста, и на учењето гледаме како на процес што трае цел живот и се остварува во соработка.

Кого бараме
Бараме млади луѓе на почетокот од нивното професионално патување — оние кои се стремат кон одличност, сакаат практично искуство и сакаат да дадат значаен придонес во светот околу нив.

Можеби сте вистинската личност ако:

  • Сте постари од 18 години;
  • Сте студент или неодамна сте дипломирале;
  • Говорите и пишувате англиски на професионално ниво и барем еден локален јазик (српски, албански или македонски);
  • Ве интересираат теми поврзани со култура, уметност, социјални промени, човекови права и регионална соработка;
  • Ги цените критичкото размислување, тимската работа и креативноста;
  • Имате интерес или разбирање за дигитални платформи, социјални медиуми и онлајн комуникација.

Што нудиме

  • Платена пракса во интердисциплинарна и инспиративна регионална организација;
  • Можност да учите од и да работите со искусни професионалци;
  • Увид  во разновидните програми на Хартефакт — од истражување до културна продукција и активизам;
  • Простор за личен раст, учење и креативност во поддржувачка и инклузивна средина.

Како да аплицирате
Пратете го вашето CV и мотивационо писмо (до една страница) на: [email protected] со предметна на пораката: HF Internship – team Institute – [Вашето Име] [Вашето Презиме].

Рок: 21 ноември 2025

Охрабруваме апликации од лица од сите позадини, идентитети и заедници, кои ја споделуваат посветеноста на Heartefact кон отвореност, љубопитност и општествена одговорност.

Придружете ни се и направете ги вашите први професионални чекори во простор кадешто креативноста се среќава со целта.

Има повеќе

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.