ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење.  Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

Информации за проектот „Култура за развој“

Проектот „Култура за развој“ е сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Тој e поддржан од Владата на Швајцарија и се спроведува од страна на Хартефак Фонд, а ќе се имплементира од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.  Проектот има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување поотворено, демократско и меѓусебно поврзано општество.

Кој МОЖЕ да аплицира?

  • Културни и уметнички организации;
  • Уметнички колективи и иницијативи;
  • Граѓански организации коишто вршат културни и уметнички активности, дури и ако тоа не е нивна примарна област на активност;
  • Други правни лица активни во уметноста и културата (независни фондации, донации, друштва со ограничена одговорност и/или претприемачи).

Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Тематски приоритети

Нема однапред дефинирани тематски приоритети за овој повик. Пристапот е воден од побарувачката и е дизајниран да одговори на специфичните потреби и интереси на културните професионалци и организации. Апликантите се охрабруваат да дефинираат свои области на фокус врз основа на своите цели, предизвици и развојни приоритети.

Активностите коишто се подобни за финансирање можат да вклучат: 

  • Заедничко истражување иновативни уметнички и/или културни практики преку заедничко создавање културно или уметничко дело/продукција (или повеќе дела) со изразена едукативна димензија.
  • Можности за вмрежување, кои се директно поврзани со целите за учење на job shadowing размeната;
  • Унапредување на компетенциите и професионален развој (меѓусебна размена, менторство, обука на работното место, работилници, набљудување на работниот процес итн.);
  • Насочено истражување и подготовчка работа директно поврзана со идната соработка или организациски развој.

Износ на грантот

Максималните расположливи средства за финансирање за реализација на еден проект се до 178.500 денари. Максималното времетраење на размената на знаење преку работа е 4 недели.

Како се аплицира?

Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и сите неопходни обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб страница:

MK – Програма за размена на знаење преку работа – Heartefact

ALB – Skema e job shadowing – Heartefact

EN – Job Shadowing Scheme – Heartefact

Рок за аплицирање

Апликациите се прифаќаат постојано и се оценуваат на квартално ниво додека повикот не се затвори.

Сите задолжителни документи за аплицирање треба да бидат поднесени [email protected]

Доколку имате прашања, можете да не контактирате на: [email protected].

КЛУЧНИ ИНФОРМАЦИИ – ПРЕД ДА ЈА ПОДНЕСЕТЕ АПЛИКАЦИЈА (ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ)

Овaa Програма за размена на знаење преку работа (Job Shadowing) го поддржува професионалниот и организацискиот развој преку структурирано учење на работното место и пренос на знаење.

Ве молиме аплицирајте само ако вашиот предлог-проект вклучува:

  • Јасно дефинирана цел за учење (кои вештини или капацитети ќе се развиваат).
  • Структуриран процес на размената на знаење преку работа  (заснован на менторство, набљудување, менторирани задачи).
  • Јасен план за учење со очекувани резултати за професионален развој.

Овој повик не поддржува:

  • Стандардни пракси, рутински работни позиции или административни улоги.
  • Апликации кои главно имаат за цел покривање на трошоци за канцеларија или управување.
  • Уметнички продукции или активности без силна компонента за учење и развој на капацитети.

Трошоците поврзани со канцеларијата можат да се покријат само во исклучителни случаи, мора да бидат директно поврзани со процесот на учење и јасно образложени.

Ова е отворен повик со континуирано поднесување на апликации. Предлозите се оценуваат на квартално ниво, а апликантите се известуваат за резултатите во рок од еден месец по завршувањето на секој циклус на евалуација.

Има повеќе

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.