Четиринаесет културни и уметнички проекти избрани за финансирање преку Вториот повик на „Култура за развој“

Грантовите се доделуваат за развој и спроведување на современи културни иницијативи кои го зајакнуваат независниот културен сектор и локалните заедници, поттикнуваат уметничко авторство, експериментирање и соработка, го прошируваат пристапот до културата и придонесуваат кон адресирање на општествено релевантни прашања. Покрај поддршката на нови уметнички продукции, проектот „Култура за развој“ ги поддржува континуитетот и развојот на воспоставени културни иницијативи кои го збогатуваат културниот живот и ги зајакнуваат локалните културни заедници.

По силниот одзив на првиот, вториот повик исто така привлече значителен интерес од културни организации, уметници и културни работници од целата земја. Постојано високиот квалитет на поднесените проектни идеи го направи процесот на селекција особено конкурентен. Четиринаесет проекти беа избрани за финансирање, со вкупно доделени 10.176.157 МКД. Индивидуалните грантови се движат од 310.000 МКД до 857.145 МКД. Поддржаните проекти ќе се спроведуваат на повеќе од 20 локации низ Северна Македонија, вклучувајќи градови, општини и села, опфаќајќи шест од планските региони на земјата.

Разновидноста на поддржаните проекти се огледува и во нивниот географски опфат и во уметничките дисциплини и културни активности што ги опфаќаат. Избраните иницијативи вклучуваат театар и изведувачки уметности, уметничко истражување, архивирање, филм, музички таленти, издаваштво, фестивали, културни активности засновани во заедницата и други интердисциплинарни практики. Проектите се занимаваат со теми како младинско учество, културна разновидност, еколошка одржливост, ангажман на заедницата, родова еднаквост, критичко културно преиспитување, алтернативно издаваштво, колективна меморија и архиви, како и видливоста и инклузијата на маргинализираните заедници. Неколку проекти создаваат можности за млади уметници и културни работници, додека други промовираат дијалог, експериментирање и пристап до современа култура надвор од најголемите урбани центри во земјата.

Организациите и проектите избрани за поддршка преку вториот повик се:

  • Организација за театарска и мултимедијална продукција ВОНДЕРЛЕНД ТЕАТАР Скопје (Проект „Забрането овошје“): 797.000 МКД
  • ТП МЕДЕА – Трговец поединец за уметност, Кумјана Новакова, Скопје (Проект „Уметничко истражување како колективен контра-архив“): 711.000 МКД
  • Вело Кард Кафе ДОО Скопје (Проект „Фестивал на филм и музика Сирни“): 807.000 МКД
  • Здружение Купола Штип (Проект „VIA 5 – Циклус на интердисциплинарни активности, 5-то издание“): 857.145 МКД
  • Здружение за мултимедијална ангажирана уметност ТЕСА Скопје (Проект „PRIMA FACIE“): 704.221 МКД
  • Здружение за промоција на младинска култура КУЛТУРА БЕТА Скопје (Проект „TRIGGER – Караван за младинска, алтернативна и критичка култура“): 360.000 МКД
  • ТЕМПЛУМ ДООЕЛ Скопје (Проект „DISSENSUS“): 739.948 МКД
  • Здружение за театарска едукација и продукција ТЕАТАР ЗА СИТЕ (Проект „Огледало“): 857.000 МКД
  • Здружение Театарот на еден актер (Проект „Татко“ од Флоријан Зелер): 857.143 МКД
  • Издавачка куќа МУЗА ДОО Скопје (Проект „Жените во музичката уметност низ вековите / Од невидливост до глас: Истражување, дијалог и интерпретација“): 310.000 МКД
  • Граѓанско здружение Зелената арка Скопје (Проект „Бостански микрофестивал – Вкоренување“): 856.200 МКД
  • Ромски културен и медиумски центар БАРИКАНИПЕ Скопје (Проект „RomaVision – Култура во акција“): 733.000 МКД
  • Здружение на млади Гостивар (Проект „Насликани приказни: Култура за инклузија“): 847.000 МКД
  • Лабораториум ДОО Скопје (Проект „Нови лица“): 740.500 МКД

Проектот „Култура за развој“ има цел да придонесе на развојот на уметностите и оформувањето на социо-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за негување на поотворено, демократско и поповрзано општество.

Оваа активност е поддржана преку проектот„Култура за развој“на Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд.

Има повеќе

Boost грантови: Градење посилни организации

За многу независни културни организации во Северна Македонија, ова прашање се појавува по години создавање програми, градење публика и одговарање на потребите на нивните заедници. Како што се зголемуваат нивните активности, така растат и барањата зад сцената: координација на луѓе, управување со финансии, дефинирање одговорности, документирање процеси и планирање не само во рамките на следниот проект.

Преку менторство до посилни и поодржливи организации

Како дел од Програмата за институционални грантови, со поддршка од Хелветас, Програмата за менторска поддршка поврза шест експерти од регионот со пет локални културни организации и им обезбеди поддршка: Центарот за современи уметности, ЛОКОМОТИВА, Тииит! Инк., Контрапункт и Факултет за работи кои не се учат (ФРУ).

Уметнички грантови: Кога уметноста станува простор за средба

Распределени во четири области. изведувачки уметности; истражување, критички и алтернативни културни практики; културни практики во заедницата и јавниот простор; и зајакнување на младите и инклузивна креативна продукција, проектите внесуваат различни уметнички практики, заедници и перспективи во заедничкиот разговор.

Градењето силни организации значи градење посилен културен сектор

Една од најголемите придобивки што ја истакнуваат организациите е можноста конечно да се посветат на сопствениот развој, а не само на подготовката на следниот проект. Неколку организации посочија и една придобивка која е потешко мерлива, но подеднакво значајна: времето.

Знаење што останува: Како Програмата за размена на знаење преку пработа (Job shadowing) им помага на културните организации во Северна Македонија да растат

Наместо стандарден модел на обука, програмата им овозможува на културните организации да ги развиваат токму оние капацитети што самите ги препознаваат како клучни за својот понатамошен развој. Првите успешно реализирани грантови покажуваат колку различни, но истовремено практични, можат да бидат овие процеси на учење.

Четиринаесет културни и уметнички проекти избрани за финансирање преку Вториот повик на „Култура за развој“

Регионалниот CAE BEYOND сателит настан ги обедини Европа и Западен Балкан во Скопје

По Форумот „Култура за развој“, кој се одржа на 13 и 14 мај, дијалогот за иднината на независната култура, продолжи во Скопје со BEYOND: Југоисточна регионална конференција.

Собир на Европски и регионални културни чинители во Скопје

Изминативе два дена, 13 и 14 мај, преку Форумот „Култура за развој“, организиран од Хартефакт во соработка со Clubture, Kooperativa, Фондација за култура А25 и Euradia, Скопје стана средиште на уметници, културни работници, активисти и меѓународни културни мрежи од Северна Македонија, регионот и Европа.

Три проекти за културно застапување избрани за поддршка преку Шемата за грантови за застапување

Поддржаните иницијативи се фокусираат на подобрување на условите за независна културна работа преку адресирање на прашања како пристапот до културна инфраструктура, финансиските рамки и инклузивните културни простори.

Дијалог и размена: Градење заедничка основа за посилен глас на независната културна сцена

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.