Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран пренос на знаење ориентиран кон резултати.
Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од пракса. Со овозможување на овие меѓусебни размени преку директно, практично искуство, програмата им овозможува на професионалците да ги развијат своите вештини, да го продлабочат своето разбирање за културниот сектор и да поттикнат идни соработки.
Овој повик има за цел да ги поддржи иницијативите коишто промовираат учење на работното место и размена на знаење помеѓу помалку искусни културни работници или организации и поетаблирани професионалци или организации, со цел да се развијат професионални компетенции, да се поттикнат идни соработки и да се одговори на специфичните развојни потреби во рамките на културниот сектор.
Програма за размена на знаење преку работа (Job shadowing) не е класична пракса или привремен ангажман, туку структурирано учење преку работа во реална работна средина, со јасни цели и видлив напредок во знаењата и вештините.
Овој повик поттикнува развој на практични вештини, меѓуорганизациска соработка, долгорочни партнерства и посилни врски помеѓу новите и веќе етаблираните културни актери, што на крајот придонесува за поотпорна и кохезивна културна средина во Република Северна Македонија. Размената на знаење преку работа е одржлив и ефикасен начин за градење капацитети, бидејќи промовира значајна соработка приспособена на специфичните потреби и цели и на учесниците и на организациите-домаќини.
Размената на знаење преку работа може да се спроведе преку два главни модели:
● Модел на практикантство: Отворен за помалку искусни културни работници од Република Северна Македонија (практиканти) кои се вклучуваат во јасно структуриран процес на учење под менторство од страна на организацијата-домаќин. Овој модел не е наменет за финансирање на стандардни практики, рутински работни позиции или административни улоги.
● Модел на обука на работното место: Во рамките на овој модел, организацијата е домаќин на експерт, којшто придонесува за подобрување на квалитетот и ефективноста на работата на организацијата и перформансите на вработените преку менторство, пренос на вештини и насочени активности за развој на капацитети.
Проектот „Култура за развој“ ги вклучува родовата еднаквост, различноста, социјалната вклученост, животната средина и децентрализацијата во сите аспекти на неговите активности и управување. Родовата еднаквост е задолжителен критериум за грант, којшто бара од апликантите да покажат како нивните проекти го промовираат овој приоритет. Различноста и социјалната инклузија треба да се фокусираат на поддршка на младите и жените и другите маргинализирани групи.