Програма за Boost грантови (Boost Grants Scheme)
Програмата за Boost грантови има за цел да ги зајакне организациските, оперативните и финансиските капацитети на независните културни организации.
За повикот
Целта на овој повик е зајакнување на организациските, оперативните и финансиските капацитети на културните организации преку обезбедување на насочена поддршка, вклучително и градење капацитети и ресурси кои ја зголемуваат стабилноста, одржливоста и долгорочната отпорност. Програмата се фокусира на решавање на организациските предизвици што ќе им овозможат на организациите да работат поефективно, да ги зајакнат внатрешните системи и да ја зголемат својата способност за планирање, управување и испорака на квалитетни културни програми.
Програмата за Boost грантови е отворена за законски регистрирани културни и уметнички организации кои демонстрираат активна програмска работа и ангажман со заедниците, имаат јасна визија за развој и се стремат да ги решат специфичните внатрешни предизвици во областите како што се управувањето, финансиското работење, стратешкото планирање, човечките ресурси, комуникацијата или организациските системи. Приоритет може да им се даде на помали организации или организации во подем, организации кои работат надвор од главниот град или организации предводени од (или кои работат со) недоволно застапени групи.
Квалификувани организации се оние кои придонесуваат кон висококвалитетни културни содржини во области како што се критичката теорија, феминизмот, визуелните уметности, перформансот и социјалниот активизам, чие влијание се протега надвор од локалните заедници, влијаејќи врз националните социо-политички наративи и поддржувајќи го културниот и демократскиот развој во Република Северна Македонија.
Програмата за Boost грантови ќе ги покрие трошоците директно поврзани со зајакнување на внатрешните капацитети, системи и процеси на организацијата. Ова може да вклучува трошоци за надворешна експертиза, активности за градење капацитети, развој на внатрешни алатки и процедури и други ресурси што го поддржуваат управувањето, финансискиот менаџмент, стратешкото планирање, човечките ресурси или комуникациските системи. Сите трошоци мора да бидат јасно поврзани со предложените цели за организациско зајакнување и да бидат пропорционални со планираните активности. Трошоците кои не се поврзани со организацискиот развој, како што е продукција на уметнички програми, еднократни настани или инфраструктура неповрзана со градењето капацитети, не се прифатливи.
Проектот „Култура за развој“ ги интегрира еколошката одржливост, социјалната инклузија, различноста и децентрализацијата во сите аспекти на своите активности и управување. Акцентот е ставен на негување инклузивни практики кои ги поддржуваат младите, жените и другите маргинализирани групи, додека родовата еднаквост останува важен двигател на креативноста и иновативноста.
Кој може да аплицира
Кој МОЖЕ да аплицира:
- Право на аплицирање имаат граѓански организации од областа на културата и уметноста регистрирани во Р. Северна Македонија, со најмалку тригодишно докажано искуство во овие полиња.
Услови:
- Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
- Организацијата мора да биде регистрирана според Законот за здруженија и фондации.
- Апликантите мора да имаат претходно 3-годишно оперативно работење и искуство во реализација на културни и уметнички проекти.
Кој НЕ МОЖЕ да аплицира:
- Апликантот и/или поединци кои на кој било начин поддржуваат или поддржувале дискриминаторско, радикално, насилно, расистичко или националистичко однесување и ставови.
- Апликантот кој не е регистриран во согласност со законите на Република Северна Македонија.
- Апликантот кој не ги подмирил законските обврски во однос на јавните придонеси, даноци и такси.
- Политички, религиозни организации и организации основани од религиозни и верски организации.
- Приватни компании.
- Поединци.
- Јавни установи од областа на културата основани од Република Северна Македонија или единиците на локалната самоуправа.
- Претставништва на странски организации регистрирани во Република Северна Македонија.
Поддржани активности
Програмата ги поддржува независните културни и уметнички организации преку овозможување активности кои ги зајакнуваат нивните внатрешни капацитети, структури и системи. Поддршката вклучува, но не е ограничена на:
- Развој на организациски стратегии и акциони планови, разјаснување на улогите на управните одбори и менаџментот, подобрување на процесите на одлучување и дефинирање на тимските улоги.
- Зајакнување на внатрешната комуникација, менаџерските практики и внатрешните политики за подобрување на севкупната организациска ефикасност.
- Подобрување на финансиското управување и административните системи, вклучувајќи алатки за буџетирање, стратегии за собирање средства (fundraising), диверзификација на приходите, правна усогласеност, системи за известување и документација.
- Унапредување на комуникацијата, ангажманот на публиката и организациското учење преку комуникациски стратегии, дигитално присуство, системи за мониторинг и евалуација, управување со знаење и алатки за учење.
- Иницијативи за градење капацитети и фасилитирани процеси на развој насочени кон зајакнување на лидерството, управувањето и развојот на тимот.
Важна напомена: Повикот нема да поддржува и финансира организации кои во моментов добиваат средства во рамките на друга грантова шема на проектот „Култура за развој“. Апликациите кои промовираат или поддржуваат дискриминаторско, радикално, насилно, расистичко или националистичко однесување и ставови ќе бидат автоматски дисквалификувани.
Буџет
Вкупниот износ на грантот по организација покриен од Хартефакт (HF) е до 1.950.000 МКД, кои ќе бидат исплатени во период од две години, во две годишни рати.
Апликантите мора да демонстрираат подготвеност да обезбедат минимален придонес од најмалку 20% од вкупниот побаран буџет на проектот покриен од HF, што може да вклучува финансиски средства, поддршка во стоки и услуги (in-kind), кофинансирање од други донатори или средства собрани самостојно од организацијата.
Поднесување на апликација
Апликантите треба да поднесат краток Предлог-концепт (Concept note) и прелиминарен буџет. Само организациите кои ќе ги поднесат овие документи до 09 март 2026 година во 23:59 часот ќе бидат земени предвид за следната фаза.
Сите документи мора да се поднесат преку: [email protected] Предмет на пораката (Subject line): Name of the organization – Call Reference Number – Call Name
Потребни документи за аплицирање:
- Предлог-концепт / Concept Note (потпишан)
- Предлог-буџет / Budget Proposal (во Excel формат)
- Тековна состојба (не постара од 6 месеци)
Документите за аплицирање се достапни на англиски јазик.