Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.
Информации за проектот „Култура за развој“:
Проектот „Култура за развој“ е сеопфатна, долгорочна интервенција во областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија. Оваа активност е поддржана преку проектот„Култура за развој“на Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година. Проектот има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување поотворено, демократско и меѓусебно поврзано општество.
Кој МОЖЕ да аплицира?
● Културни и уметнички организации;
● Уметнички колективи и иницијативи;
● Граѓански организации коишто вршат културни и уметнички активности, дури и ако тоа не е нивна примарна област на активност;
● Други правни лица активни во уметноста и културата (независни фондации, донации, друштва со ограничена одговорност и/или претприемачи).
Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Тематски приоритети
Овој Повик е наменет за проекти коишто се фокусираат на различни области на современото културно и уметничко творештво: изведувачки уметности, визуелни уметности, литература, музика, аудиовизуелни уметности, стрипови, фотографија, дизајн, културна политика и управување. Подобни активности за финансирање можат да вклучуваат: изложби, инсталации, изведби, работилници, предавања и/или слични едукативни програми, јавни дебати и дискусии, аудиовизуелна продукција, уметнички и културни истражувања, фестивали итн.
Сите активности мора да се одвиваат само во Република Северна Македонија.
Износ на грантот
Максималнииот износ на расположливи средства покриени од ХФ за финансирање на проектот изнасува до 857,145 MKD, со времетраење од најмногу 12 месеци.
Како се аплицира?
Повеќе информации за повикот, процесот на аплицирање и сите неопходни обрасци за аплицирање може да најдете на нашата веб страница:
Grants For The Implementation Of Cultural And Artistic Projects – Heartefact
Грантови за спроведување културни и уметнички проекти – Heartefact
Grante për zbatimin e projekteve kulturore dhe artistike – Heartefact
Рок за аплицирање
Сите задолжителни документи за аплицирање треба да бидат поднесени најдоцна до 31 oктомври 2025 година, до 17:00 часот.
Доколку имате прашања, можете да не контактирате на: [email protected].