Heartefact Fund бара Kоординатор/ka за програмски грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Северна Македонија. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), ќе го управува Heartefact Fund и ќе започне во јануари 2025 со траење од четири години.
Проектот Култура за Развој e клучен составен дел на Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија за 2021-2024 во областа на уметноста и културата, придонесувајќи за зголемување на учеството на граѓаните од сите социјални групи во отворање и изнаоѓање решенија за прашања од јавен интерес и изборните процеси преку поттикнување континуиран политички дијалог меѓу граѓаните, организациите на граѓанското општество и јавните институции.
Проектот Култура за Развој се фокусира на независниот културен сектор, се справува со предизвици како што се ограниченото финансирање, организациската нестабилност и недоволната соработка, и се стреми да го поттикне целосниот потенцијал на актерите во областа на културата како двигатели на демократското учество и социјалната кохезија. Применува пристап оддолу нагоре, давајќи приоритет на и акцентирајќи инклузивност, респонзивност на локални потреби и општествено ангажирани уметнички продукции кои промовираат човекови права, културна разновидност и граѓанско учество, со можности граѓаните активно да се вклучат во културниот контекст. Проектот ќе обезбеди грантови и програми за развој на капацитети за поддршка на независни културни организации, вклучувајќи и поддршка на напорите за застапување за справување со непосредни и долгорочни предизвици во културниот сектор.
Клучни одговорности:
• Управувува со и ги координира приемот и почетната ревизија на предлози и пријави за грантови, осигурувајќи систематски и ефикасен процес.
• Обезбедува упатства за барателите на грантови и поддршка во подготовката на висококвалитетни предлози и пријави за грантови.
• Одржува организирана и детална архива на сите поднесени предлози и пратечка документација.
• Следи и подготвува сеопфатна статистика за повиците за поддршка преку грантови, вклучувајќи досег на повиците, разновидност и квалитет на предлозите и пријавите за грантови.
• Обезбедува поддршка при дизајнирањето и имплементацијата на повиците за поддршка преку грантови во рамките на Проектот.
• Комуницира со подносителите на предлозите и пријавите за грантови за статусот на поднесоците обезбедувајќи навремени повратни информации.
• Следи како добитниците на грантовите обезбедуваат усогласеност со програмските и административните барања низ целиот животен циклус на грантот и ги прегледува извештаите за да се осигура усогласеност со насоките за имплементација и целите на Проектот.
• Спроведува комуникациски активности во согласност со Стратегијата за комуникација на Проектот, обезбедувајќи зголемена видливост на Проектот и вклученост на јавноста.
• Организира и координира јавни настани како што се работилници, информативни денови и други активности за ангажман на заедницата.
• Соработува со Тимот за имплементација на проектот (PIT) за промоција на целите и резултатите на Проектот.
• Одржува детална документација за комуникациските активности на Проектот, другите активности и настани, за потребите на известување и евалуација на Проектот.
• Помага при подготовка на промотивни материјали и иницијативи за комуникација со медиуми.
• Развива и одржува на високо квалитетни односи со добитниците на грантови за да се осигура ефективна комуникација и усогласеност со целите на Проектот.
Клучни квалификации и вештини:
• Завршени додипломски студии во области од уметност и култура, општествени науки или други релевантни хуманистички дисциплини.
• Најмалку 5 години искуство во имплементација и координација на проекти во културниот и уметничкиот сектор.
• Силни организациски вештини и внимание на детали, особено во одржување на записи и архиви.
• Одлични комуникациски вештини, со способност да се ангажираат различни засегнати страни на ефективен начин.
• Докажано искуство во уметничкиот и културниот сектор на Северна Македонија.
• Познавање на барањата за известување и административните процеси за проекти финансирани од грантови.
• Способност за имплементација на комуникациски стратегии и организирање настани.
• Познавање на работа со компјутери и алатки за комуникација, известување и организација на настани.
• Познавање на англиски јазик (говорно и писмено).
Ги покануваме заинтересираните кандидати да испратат кусо писмо за мотивите за пријавување, биографија (ЦВ) со вклучени две имиња и контакти за лица кои би дале препораки, и тоа на следнава адреса: [email protected] најдоцна до 20 јануари 2025, со назнака „Апликација – Kоординатор/ka за програмски грантови “. Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат известени за резултатите во рок од 7 дена по истекот на рокот за аплицирање.