Heartefact Fund бара Финансиски и aдминистративен координатор за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Северна Македонија. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Pроектот Култура за Развој ќе го управува Heartefact Fund и и ќе започне во јануари 2025 со траење од четири години.
Проектот Култура за Развој e клучен составен дел на Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија за 2021-2024 во областа на уметноста и културата, придонесувајќи за зголемување на учеството на граѓаните од сите социјални групи во отворање и изнаоѓање решенија за прашања од јавен интерес и изборните процеси преку поттикнување континуиран политички дијалог меѓу граѓаните, организациите на граѓанското општество и јавните институции.
Проектот Култура за Развој се фокусира на независниот културен сектор, се справува со предизвици како што се ограниченото финансирање, организациската нестабилност и недоволната соработка, и се стреми да го поттикне целосниот потенцијал на актерите во областа на културата како двигатели на демократското учество и социјалната кохезија. Применува пристап оддолу нагоре, давајќи приоритет на и акцентирајќи инклузивност, респонзивност на локални потреби и општествено ангажирани уметнички продукции кои промовираат човекови права, културна разновидност и граѓанско учество, со можности граѓаните активно да се вклучат во културниот контекст. Проектот ќе обезбеди грантови и програми за развој на капацитети за поддршка на независни културни организации, вклучувајќи и поддршка на напорите за застапување за справување со непосредни и долгорочни предизвици во културниот сектор.
Клучни одговорности:
- Управува со секојдневните финансиски операции на Проектот Култура за Развој, осигурувајќи ефикасно и транспарентно финансиско управување.
- Подготвува, обработува и управување со финансиска документација поврзана со повиците за поддршка преку грантови, вклучувајќи и поддршка при проценката на предлозите за грантови со фокус на финансиска оправдансот и усогласеност.
- Обезбедува контакт, упатства и поддршка за финансиско управување, известување и усогласеност за добитниците на грантови.
- Обработува финансиска документација на добитниците на грантови, врши проверка на усогласеноста со барањата за известување и договорите за грант, и обезбедува помош на добитниците на грантови во одржувањето на точни и усогласени финансиски записи и извештаи.
- Одржува систематски организиран архив на сите финансиски документи, осигурувајќи усогласеност со барањата на проектот.
- Подготвува и обработува документација за пренос на средства од грант, осигурувајќи точност и навремено исплаќање.
- Следи трошоците на проектот за да се осигура усогласеност со одобрените буџети и обезбедување увид во финансиските резултати.
- Поддршка при подготовка на документацијата потребна за внатрешни и надворешни ревизии.
- Тесно соработува со лидерот на тимот, kоординатор/ka за грантови и финансискиот стратегиски советник за усогласување на финансиските активности и известувањето со целокупните цели на проектот.
- Осигурува дека финансиските процеси се спроведуваат транспарентно, точно и одговорно.
Клучни квалификации и вештини:
- Најмалку 5 години релевантно континуирано работно искуство во финансии, сметководство и административни функции.
- Солидно познавање на финансиските правила, процедури и регулативи кои се применуваат на организации кои што работат во правнте рамки на Северна Македонија.
- Искуство со проекти финансирани од донатори ќе се смета за дополнителна предност.
- Докажано искуство во набавка, подготовка на финансиски извештаи и анализа на буџетски разлики.
- Висок степен на интегритет, силна ориентација кон резултати и стремеж за совршеност, со способност за преземање иницијатива.
- Добри комуникациски и меѓучовечки вештини.
- Солидно познавање на работа со компјутери, вклучувајќи способност за работа со финансиски софтвер и алатки.
- Познавање на англиски јазик (говорно и писмено).
Ги покануваме заинтересираните кандидати да испратат кусо писмо за мотивите за пријавување, биографија (ЦВ) со вклучени две имиња и контакти за лица кои би дале препораки, и тоа на следнава адреса: [email protected] најдоцна до 20 јануари 2025, со назнака „Апликација Финансиски и aдминистративен координатор за грантови“.Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат известени за резултатите во рок од 7 дена по истекот на рокот за аплицирање.