Грантовите се доделуваат за развој и спроведување на современи културни иницијативи кои го зајакнуваат независниот културен сектор и локалните заедници, поттикнуваат уметничко авторство, експериментирање и соработка, го прошируваат пристапот до културата и придонесуваат кон адресирање на општествено релевантни прашања. Покрај поддршката на нови уметнички продукции, проектот „Култура за развој“ ги поддржува континуитетот и развојот на воспоставени културни иницијативи кои го збогатуваат културниот живот и ги зајакнуваат локалните културни заедници.
По силниот одзив на првиот, вториот повик исто така привлече значителен интерес од културни организации, уметници и културни работници од целата земја. Постојано високиот квалитет на поднесените проектни идеи го направи процесот на селекција особено конкурентен. Четиринаесет проекти беа избрани за финансирање, со вкупно доделени 10.176.157 МКД. Индивидуалните грантови се движат од 310.000 МКД до 857.145 МКД. Поддржаните проекти ќе се спроведуваат на повеќе од 20 локации низ Северна Македонија, вклучувајќи градови, општини и села, опфаќајќи шест од планските региони на земјата.
Разновидноста на поддржаните проекти се огледува и во нивниот географски опфат и во уметничките дисциплини и културни активности што ги опфаќаат. Избраните иницијативи вклучуваат театар и изведувачки уметности, уметничко истражување, архивирање, филм, музички таленти, издаваштво, фестивали, културни активности засновани во заедницата и други интердисциплинарни практики. Проектите се занимаваат со теми како младинско учество, културна разновидност, еколошка одржливост, ангажман на заедницата, родова еднаквост, критичко културно преиспитување, алтернативно издаваштво, колективна меморија и архиви, како и видливоста и инклузијата на маргинализираните заедници. Неколку проекти создаваат можности за млади уметници и културни работници, додека други промовираат дијалог, експериментирање и пристап до современа култура надвор од најголемите урбани центри во земјата.
Организациите и проектите избрани за поддршка преку вториот повик се:
- Организација за театарска и мултимедијална продукција ВОНДЕРЛЕНД ТЕАТАР Скопје (Проект „Забрането овошје“): 797.000 МКД
- ТП МЕДЕА – Трговец поединец за уметност, Кумјана Новакова, Скопје (Проект „Уметничко истражување како колективен контра-архив“): 711.000 МКД
- Вело Кард Кафе ДОО Скопје (Проект „Фестивал на филм и музика Сирни“): 807.000 МКД
- Здружение Купола Штип (Проект „VIA 5 – Циклус на интердисциплинарни активности, 5-то издание“): 857.145 МКД
- Здружение за мултимедијална ангажирана уметност ТЕСА Скопје (Проект „PRIMA FACIE“): 704.221 МКД
- Здружение за промоција на младинска култура КУЛТУРА БЕТА Скопје (Проект „TRIGGER – Караван за младинска, алтернативна и критичка култура“): 360.000 МКД
- ТЕМПЛУМ ДООЕЛ Скопје (Проект „DISSENSUS“): 739.948 МКД
- Здружение за театарска едукација и продукција ТЕАТАР ЗА СИТЕ (Проект „Огледало“): 857.000 МКД
- Здружение Театарот на еден актер (Проект „Татко“ од Флоријан Зелер): 857.143 МКД
- Издавачка куќа МУЗА ДОО Скопје (Проект „Жените во музичката уметност низ вековите / Од невидливост до глас: Истражување, дијалог и интерпретација“): 310.000 МКД
- Граѓанско здружение Зелената арка Скопје (Проект „Бостански микрофестивал – Вкоренување“): 856.200 МКД
- Ромски културен и медиумски центар БАРИКАНИПЕ Скопје (Проект „RomaVision – Култура во акција“): 733.000 МКД
- Здружение на млади Гостивар (Проект „Насликани приказни: Култура за инклузија“): 847.000 МКД
- Лабораториум ДОО Скопје (Проект „Нови лица“): 740.500 МКД
Проектот „Култура за развој“ има цел да придонесе на развојот на уметностите и оформувањето на социо-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за негување на поотворено, демократско и поповрзано општество.
Оваа активност е поддржана преку проектот„Култура за развој“на Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд.