Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите за застапување на културните организации, овозможувајќи им да влијаат на културните политики, да ги подобрат условите за работа и да го зголемат пристапот до ресурси.
Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите за застапување на културните организации, овозможувајќи им да влијаат на културните политики, да ги подобрат условите за работа и да го зголемат пристапот до ресурси.
Овој повик има за цел да ги зајакне капацитетите за застапување на културните организации, овозможувајќи им да влијаат на културните политики, да ги подобрат условите за работа и да го зголемат пристапот до ресурси. Оваа интервенција е клучна за обезбедување долгорочна одржливост и признавање на независната културна сцена, која има важна улога во промовирањето на културната разновидност, социјалната кохезија и демократските вредности во земјата.
Децентрализацијата на културата и меѓусекторската соработка, преку партнерства помеѓу културните организации и актери од граѓанското општество, истражувањата и други активности, се суштински за одржливоста на независниот културен сектор, имајќи ја предвид неговата фрагментираност и ослабена позиција. Соработката и заемното учење меѓу секторите ги зајакнуваат културните и уметничките актери, додека размената на искуства и знаења претставува клучен механизам за градење капацитети за застапување и унапредување на колективните пристапи кон промени во политиките.
Оваа грантова линија е дизајнирана да поддржи најмногу два (2) конзорциуми. Секој конзорциум мора да биде предводен од културна организација и да вклучува најмалку еден партнер од друг сектор како граѓанско општество, истражувачки институти или тинк-тенкови со докажано искуство во застапување. Грантовите обезбедуваат средства за иницијативи кои адресираат итни политички прашања и ја зајакнуваат позицијата на независниот културен сектор.
Секој конзорциум може да аплицира само под една (1) од следниве цели и мора истата јасно да ја наведе во апликацијата. Предлозите што ќе се обидат да ги покријат двете цели нема да бидат прифатени.
Повикот за грантови за застапување се фокусира на две главни цели:
Оваа грантова линија обезбедува средства за активности како што се: истражувања базирани на докази, јавни кампањи, активности за подигање свест, партнерства и дијалог со носителите на одлуки. Овие интервенции се очекува да ја зајакнат соработката во секторот, да изградат мрежи за застапување и да генерираат конкретни предлози за политики, придонесувајќи кон поодржлива и поинклузивна културна средина во Република Северна Македонија.
Проектот „Култура за развој“ интегрира еколошка одржливост, социјална инклузија, разновидност и децентрализација во сите аспекти од своите активности. Се нагласува поддршката на инклузивни практики кои ги охрабруваат младите, жените, децата и другите маргинализирани групи, додека родовата еднаквост останува клучен двигател на креативноста и иновацијата.
Партнери во конзорциумот може да бидат:
* Конзорциумите мора да вклучуваат најмалку 2 организации, при што една е назначена како водечка организација. Иако нема строго утврден максимум, конзорциуми со повеќе од 4 организации не се препорачуваат поради административната сложеност и ограничените финансиски средства. Водечките организации не смеат да имаат тековно финансирање од проектот „Култура за развој“. Партнерите во конзорциумот кои не се водечки можат да имаат добиено финансирање во рамктие на проектот „Култура за развој“.
Услови за пријавување:
Кој не може да аплицира
Овој повик има за цел да поддржи проекти кои ја зајакнуваат способноста на културните организации да се залагаат за подобри културни политики, подобрени услови за работа и поголем пристап до ресурси.
Проектот „Култура за развој“ има за цел да поттикне долгорочни промени преку поддршка на иницијативи што влијаат на културните политики, ги адресираат итните прашања и се залагаат за клучни секторски приоритети пред носителите на одлуки, јавните институции, пошироката јавност и независниот културен сектор.
Тематски приоритети: Овој повик поддржува проекти што спроведуваат значајни активности за застапување, ја подигаат јавната свест за клучни прашања и воспоставуваат соработка со носителите на одлуки, јавните културни институции и други релевантни чинители.
Како дел од пристапот базиран на партнерства, проектите треба да поттикнуваат интензивна соработка и размена меѓу членовите на конзорциумот, особено меѓу партнери со различни искуства и капацитети, од различни географски области и со различни целни групи. Ваквата разновидност се очекува да ја зајакне легитимноста на иницијативите за застапување и да го прошири нивното влијание врз политиките.
Секој конзорциум може да дизајнира проект кој комбинира една или повеќе активности со цел зајакнување на застапувањето за независната културна сцена во Северна Македонија. Во рамки на апликацијата, апликантите треба да вклучат краток план за застапување во кој ќе бидат наведени главните чекори и методи за поттикнување промени. Проектите треба да предвидат најмалку еден јавен настан за застапување на кој ќе бидат споделени резултатите и наодите со засегнатите страни и пошироката заедница, кој ќе биде планиран и буџетиран како дел од активностите.
Прифатливи активности:
Географска област: Сите активности мора да се спроведуваат исклучиво во Република Северна Македонија.
Важно: Овој повик нема да поддржува ниту финансира организации кои веќе добиле средства преку други грантови линии на проектот „Култура за развојЌ.
Ова ограничување особено се однесува на водечките апликанти, кои не можат повторно да аплицираат како носители на проект доколку веќе добиваат средства од друга грант линија на истиот проект.
Проекти кои промовираат или поддржуваат дискриминаторски, радикални, насилни, расистички или националистички однесувања и ставови ќе бидат автоматски дисквалификувани од процесот на селекција за распределба на финансиски средства.
Максималниот износ на грантот е до 3.992.000 МКД, кој ќе се исплаќа во текот на две години и седум месеци, во годишни рати. Последната рата се исплаќа по одобрување на завршниот извештај.
Сите потребни документи треба да се достават на: [email protected] најдоцна до 17 ноември 2025 година, 23:59 часот.
Наслов на е-поштата: Име на организацијата – Име на повикот – Референтен број на повикот
Потребни документи:
Забелешка:
Поднесувањето на изјавата за партнерство е задолжително. Конзорциумот може да подготви и внатрешен Меморандум за соработка (MoU) за дефинирање на улоги, кој не мора да се достави со апликацијата.
Документи за аплицирање: достапни само на англиски ТУКА.