„Хартефакт ја зајакнува критичката свест и гради отворено и слободно општество.“
Хартефакт е посветен на поттикнување креативно, критичко и одговорно преиспитување на новонастанати уметнички, општествени и политички прашања и појави, на национално, регионално и европско ниво. Организацијата се залага за нови модели на продукција, унапредување на регионалната соработка и развој на алтернативни форми на образование.
Мисија
Мисијата на Хартефакт е да овозможи и заштити критични простори на сеќавање, размислување, ангажман и уметничко творештво во кои се спроведува учење и барање знаење со цел справување со заедничките предизвици, а поединците и групите се овластени да придонесат за општествени промени преку уметничко изразување, творештво и работа со критичка содржина.
Визија
Замислуваме општество во кое сите луѓе уживаат слободи и права на достоинство и автономија. Во која ничиј идентитет не се доживува како провокација, во која ничии права и слободи не се релативизираат поради тоа кои се. Во која секој има слобода да се истакне, да го живее својот живот како што сака, да сака како што сака, слободно да се изразува и да се само-реализира, да избира и да работи за да стане личноста која сака да биде, сè додека им дозволува на другите да го прават истото преку принципите на толеранција и индивидуална одговорност.
Хартефакт се заснова на верувањето дека разновидноста и динамичноста на културниот сектор, како и непреченото уметничко изразување на поединци и групи, истовремено се индикатори и предуслови за општата слобода на општеството и дека даваат клучен придонес за поттикнување на разновидноста, демократскиот потенцијал и кохезијата. Веруваме во релевантноста на фактите и критичките дебати засновани на принципи за градење на социјален корпус на знаење потребен за справување со клучните општествени прашања и предизвици. Веруваме дека независните, толерантни, одговорни и ангажирани граѓани се во сржта на секое демократско и отворено општество, дека уметноста и културните форми можат да ги премостат јазовите меѓу луѓето и да ги поврзат преку градење на вистински емотивни односи и емпатија; дека во рамките на отворената дискусија и ангажирана уметност се раѓаат нови идеи, старите конвенции се преиспитуваат и се овозможува социјален напредок.
Андреј Носов
Директор
За нас
Хартефакт е мултидисциплинарна организација која веќе 15 години е активно вклучена во обликувањето на независната културна сцена во Србија и регионот. Со седиште во Белград, Скопје и Приштина, нашата работа е фокусирана на Западен Балкан, со програми низ цела Европа и на глобално ниво. Преку ангажирана уметност, активизам, размена на знаења и разни донаторски механизми, Хартефакт ги поддржува уметниците, активистите и организациите кои се занимаваат со важни општествени прашања. Нашата работа се потпира на три програмски столба:
Фонд– поддржуваме иницијативи и организации кои придонесуваат за развој на демократијата, критичкото размислување и општествената одговорност преку уметноста и културата. Досега имаме поддржано околу стотина проекти низ цела Србија со над еден милион евра, а од 2025 година ја прошируваме програмата за поддршка на оние кои пристапуваат кон социјалните интервенции на креативен начин во Северна Македонија.
Куќа– фокусирани сме на современата и ангажирана уметност преку продукција на театарски претстави, изложби и други културни настани. Од 2022 година, Хартефакт куќата има и своја камерна сцена во центарот на Белград, со редовен репертоар и програми кои ги доведуваат во прашање важните општествени теми. Исто така, повеќе од една деценија, го организираме водечкиот регионален натпревар за најдобро ангажиран драмски текст и други програми кои го поддржуваат развојот на современата драма.
Институт– најмладиот дел од Хартефакт, посветен на истражување, едукација и размена на знаења за човековите права и справување со минатото. Преку програми за истражување, едукација и стипендирање, обезбедуваме поддршка за оние кои сакаат да се занимаваат со општествено важни теми, но немаат ресурси или знаење. Посебен фокус на нашиот Институт се и новите наративи и уметнички практики за помирување, еднаквост, соработка и дијалог во регионот на Западен Балкан.
Во изминатите 15 години реализиравме над 50 уметнички продукции, објавивме бројни современи драмски текстови и доделивме повеќе од 100 грантови, градејќи поотворено, праведно и толерантно општество преку уметност, дијалог и критичка рефлексија. Во периодот од 2025-2030 година, остануваме посветени на идејата за негување и создавање простори за културен и социјален ангажман, доведувајќи ги во прашање моделите на исклучување, минатото и кршењето на човековите права, верувајќи дека општеството може да се развие во поотворена, толерантна и демократска средина за сите.