Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена. Овие институционални грантови беа доделени за да се зајакне долгорочната одржливост на независната сцена, обезбедувајќи им на овие витални културни чинители ресурси кои им се потребни за создавање трајни општествени промени.

Институционалните грантови беа наменети за зајакнување на организациските, оперативните и финансиските капацитети на културните организации. Овие грантови овозможуваат долгорочна одржливост, подобрено управување и континуирано влијание во решавањето на важни општествени прашања, застапување за инклузивни политики и поттикнување на развојот на заедницата преку културата.

Во рамките на овој повик беа поддржани пет културни организации со вкупен износ од 23.460.000 МКД, со поддршка по организација која се движи помеѓу 4.080.000 МКД и 5.100.000 МКД. Иако организациите се со седиште во Скопје, нивните активности и влијание се протегаат и во други градови и рурални средини, вклучувајќи ги Струга, Прилеп, Крива Паланка, Битола, Тетово и Преспа, како и поширокиот регионален контекст.

Развојот поддржан со овие грантови беше наменет за зајакнување на организациите како внатрешно — преку подобрени процеси и работење, така и преку унапредување на нивната способност за ангажирање и позитивно влијание врз општеството. Поддршката е фокусирана на организациски развој, вклучувајќи стратешко планирање, развој на публика и финансиска одржливост. Истовремено, организациите продолжуваат да работат на своите основни програми кои опфаќаат теми како што се социјалната инклузија, унапредување на правата на маргинализираните групи, еколошката свест, децентрализацијата на културата, како и градењето социјален дијалог преку социјално ангажирана уметност.

Организации кои добија поддршка во рамките на овој повик се:

  • Здружение на граѓани КОНТРАПУНКТ (Проект „Re-imagining Together – Critical Social Futures“): 5.100.000 МКД
  • Центар за современи уметности – ЦСУ Скопје (Проект „Креативни заедници“): 4.080.000 МКД
  • Тиииит! Инк. – Здружение за промоција на женската активност Скопје (Проект „ФЕМИНИСТИЧКА ПРАКСА“): 5.100.000 МКД
  • Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Проект „Practicing a Research and Residence Environment“): 5.100.000 МКД
  • Организација за уметност и наука ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ УЧАТ – ФРУ (Проект „FRU- BUILDING Institutional Strengthening and Long-Term Sustainability“): 4.080.000 МКД

Проектот „Култура за развој“ има за цел да придонесе за растот на уметноста и обликувањето на општествено-политичките норми, препознавајќи ја културата како витална алатка за поттикнување на поотворено, подемократско и меѓусебно поврзано општество. Првата фаза од проектот трае од крајот на 2024 до крајот на 2028 година. Истиот е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од Хартефакт Фонд.

Има повеќе

No Apologies! во Скопје: собир на квир заедницата околу перформанс, видливост и алтернативните архиви

Овој јуни, Хартефакт ја носи претставата „Без извинувања!“ во Скопје, претставувајќи го меѓународно признатиот перформанс на Ема Франкланд како дел од балканската турнеја.

Регионалниот CAE BEYOND сателит настан ги обедини Европа и Западен Балкан во Скопје

По Форумот „Култура за развој“, кој се одржа на 13 и 14 мај, дијалогот за иднината на независната култура, продолжи во Скопје со BEYOND: Југоисточна регионална конференција.

Собир на Европски и регионални културни чинители во Скопје

Изминативе два дена, 13 и 14 мај, преку Форумот „Култура за развој“, организиран од Хартефакт во соработка со Clubture, Kooperativa, Фондација за култура А25 и Euradia, Скопје стана средиште на уметници, културни работници, активисти и меѓународни културни мрежи од Северна Македонија, регионот и Европа.

Почеток на програмата Queer Art Academy во Белград

Првиот дел од програмата Queer Art Academy се одржа од 14 до 19 април 2026 година во Белград, во Хартефакт Куќа, означувајќи почеток на подолг процес кој оди далеку над една резиденцијална недела.

Дијалог и размена: Градење заедничка основа за посилен глас на независната културна сцена

Проект „Култура за развој“: Пет добитници на институционални грантови

По завршувањето на процесот на селекција минатата година, проектот „Култура за развој“ со гордост соработува со пет клучни организации кои ја редефинираат културната сцена.

Beyond Borders: Придружете ни се во обликувањето на иднината на независната култура во Скопје 2026

Оваа пролет Скопје ќе прерасне во динамичен центар за културен дијалог.

Повик за предлог- концепти: грантови за зајакнување на капацитети на организации (BOOST GRANTS)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Продолжен рокот за пријавување за програмата Queer Art Academy

Heartefact ги повикува младите квир уметници од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија да аплицираат за Queer Art Academy, регионална програма дизајнирана за поддршка.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И УМЕТНОСТА

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ: Работилница за развој на публика

Heartefact ги кани културните работници од независната сцена од Северна Македонија да се пријават за дводневна работилница фокусирана на практични вештини за развој на публика. Активноста е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија и е имплементирана од Heartefact Fund.

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови!

Heartefact Fund има потреба од Финансискиот и административен асистент за грантови за поддршка на имплементацијата на проектот Култура за Развој во Република Северна Македонија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.

Отворен Повик: Практична работа во Хартефакт Институтот

Хартефакт ги повикува младите, амбициозни и љубопитни личности да аплицираат за 3–6 месечна платена пракса во тимот на Институтот – простор кадешто знаењето, истражувањето и регионалната соработка се спојуваат за да создадат нови начини на разбирање на светот во кој живееме.

Зајакнување на независната културна сцена – јавната дискусија одржана во Скопје

На 20 октомври 2025 година се одржа јавната дискусија „Зајакнување на независната културна сцена: финансирање, простори и застапување“ во Драмскиот театар во Скопје. Разновидни претставнички и претставници на независната културна сцена, младински работници и уметници ја нагласија потребата од итни промени во културната политика на Северна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објави Повикот за грантови за застапување (Advocacy Grants) со цел да ги поддржи независните културни организации во Република Северна Македонија во справувањето со итни политички предизвици и застапување за долгорочни подобрувања во културниот сектор. Целта на овој повик е да се поддржат иницијативи кои го зајакнуваат дијалогот со носителите на одлуки, ги мобилизираат заедниците и поттикнуваат меѓусекторска соработка, со што се подобруваат оперативните услови и финансиската одржливост на независната културна сцена.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува Вториот повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ го објавува вториот Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети. Оваа интервенција има цел да ја подобри организациската стабилност, обезбедувајќи долгорочна одржливост и отпорност во културниот сектор.

Проектот „Култура за развој“ ја известува јавноста за имињата на проектите кои добија поддршка во рамки на првиот повик за реализација на културни и уметнички проекти!

Грантовите за културни и уметнички проекти се доделени за развој и спроведување на општествено релевантни современи уметнички проекти коишто придонесуваат за збогатување на културата и промовираат различност во уметничките практики и изрази, решаваат критични општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ОБУКА НА РАБОТНОТО МЕСТО И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот Култура за развој објавува Повик за поднесување предлог-проекти за доделување грантови во рамките на Програмата за размена на знаење преку работа (Job Shadowing Scheme), која има за цел градење капацитети и структуриран трансфер на знаење. Целта на овој повик е да се изградат капацитетите на културните и уметничките професионалци и организации во Република Северна Македонија нудејќи им практични можности за обука на работното место преку учење од практиката.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за институционални грантови со цел поддршка на добро воспоставени културни организации од Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се зајакнат организациските и финансиските капацитети на овие организации преку обезбедување финансиски ресурси, инфраструктурна поддршка и активности за градење капацитети.

ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ: ГРАНТОВИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ КУЛТУРНИ И УМЕТНИЧКИ ПРОЕКТИ (РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА)

Проектот „Култура за развој“ објавува Повик за предлог-проекти за Уметнички грантови, со цел доделување грантови за спроведување на уметнички и културни проекти во Република Северна Македонија. Целта на овој повик е да се поддржи развојот и реализацијата на општествено релевантни и современи културни и уметнички проекти кои промовираат разновидност во уметничките практики и изрази, обработуваат критички општествени прашања и поттикнуваат развој на заедницата.